Дома Топ вести Случај „Гризман“: Се појави доказ во корист на Атлетико

Случај „Гризман“: Се појави доказ во корист на Атлетико

0

Веќе подолг период се пишува за трансферот на Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона.

Атлетико од Барселона бара дополнителни 80 милиони евра затоа што тврди дека Барселона го договорила францускиот напаѓач пред се намали цената на клазулата во договорот.

Сега се појави доказ кој оди во корист на Атлетико.

Имено, во јавност е објавен емаил кој докажува дека Гризман преговарал со Барселона уште во март.

Севан Кариан, еден од претставниците на Гризман испратил емаил на неговата сестра и татко. Во емаилот имало информации за понудата од Барселона и платата која му ја понудиле Каталонците.

Ова го објави „Ел Мундо“ и новинарите на овој медиум имаа прилика да го погледнат овој емаил. Копија од истиот има и Михел Анхел Жил Марин кој е еден од главните луѓе во Атлетико Мадрид.

Барса плати 120 милиони евра, но Атлетико тврди дека морале да платат 200 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти: Икарди? Не ме интересира!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти денес на пресконференцијата пред мечот со Фиорентина од…