УЕФА го исфрли Манчестер Сити од ЛШ на две години поради кршење на финансискиот фер плеј.
Клубот веднаш најави жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, а ако тој ја потврди казната во ПЛ ќе настане вистинска лудница за уште едно место кое води во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро сигурно е дека Сити ќе заврши помеѓу четирите најдобри, но после одлуката петопласираниот тим од ПЛ може да се пласира во ЛШ.
А за оваа позиција се борат многу. Моментално на петото место е Шефилд Јунајтед, но со оглед на малата бодовна разлика помеѓу екипите во ЛШ можат да завршат и екипи кои се многу полошо пласирани.
Шефилд моментално има 39 бода и се наоѓаат пред Тотенхем, Евертон, Јунајтед и Волвс, па веројатно меѓу овие екипи ќе се бара дополнителниот патник во ЛШ.
Тие сигурно ќе се молат Сити официјално да биде исфрлен, а после тоа ќе настане вистинска лудница во ПЛ во борбата за петото место.