Дома Трансфер зона Скаути на Барса го следат талентот на Челзи

Скаути на Барса го следат талентот на Челзи

Раководството на Барселона синоќа испратило скаути на „Стенфорд Бриџ“ за мечот помеѓу Челзи и Ливерпул, пренесуваат медиумите на Островот.

Медиумите откриваат дека Каталонците веќе извесно време го следат талентот на Челзи Били Гилмор.

18-годишниот играч за врска се почесто добива шанса за настап од Френк Лампард оваа сезона и покажа дека станува збор за исклучителен талент.

Гилмор се пресели во Челзи од Глазгов Ренџерс во 2017 година, игра за младиот тим, а оваа сезона запиша шест настапи за првиот тим на „сините“.

Барселона веќе подолго време ги следи неговите настапи, а синоќа скаутите останале задволни, па можно е Каталонците на лето да испратат понуда за репрезентативецот на Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Бриж🎥

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Клуб Бриж, Одилон Кос…