Дома Луд Спорт Скандал: Капитенот на Нигерија на СП не е фудбалер

Скандал: Капитенот на Нигерија на СП не е фудбалер

Скандал ја тресе ФИФА и актуелното Светското првенство за млади до 20 години кое се одржува во Аргентина, поради капитенот на репрезентацијата на Нигерија Даниел Бамеји

Според официјалните податоци Бамеји кој има 17 години е пријавен како фудбалер на Јум Јум во Нигерија, но тој воопшто не бил регистриран во нигериската федерација, па така не може да биде регистриран и во ФИФА.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најинтересно во целата ситуација е што таков клуб Јум Јум не постои.

Бамеји од октомври лани бил повикуван за селекцијата до 23 години, оваа до 20 години, ама и за А-селекцијата во пријателски меч со Костарика. Бил повикан и за квалификациите за Африканскиот куп на нации, во март годинава, против Гвинеја Бисау.

„Повикан е затоа што е добар дефанзивец кој може да помогне и како стопер и како десен бек. Можеби има играчи кои играат на повисоко ниво, но јас бирам играчи со квалитет за одредена позиција“, изјави селекторот Жозе Песеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Брутална тепачка на навивачи на Црвена Звезда и Штутгарт🎥

Пред натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Штутгарт во Лигата на шампионите дојде до инцидент…