Дома Луд Спорт Скандал го тресе фудбалскиот свет: Претседател на Федерација сексуално злоставувал фудбалерки

Скандал го тресе фудбалскиот свет: Претседател на Федерација сексуално злоставувал фудбалерки

Долгогодишниот претседател на Фудбалската федерација на Хаити, Ив Жан Барт е обвинет дека сексуално злоставувал фудбалерки во националниот тренинг камп на репрезентацијата.

Жан-Барт доби обвинувања дека сексуално злоставувал фудбалерки во тренинг кампот на Хаити, а приказната се одвивала дури пет години и меѓу фудбалерките имало и малолетни.

„Претседателот кога ќе видел убава девојка, разговарал со друга жена преку која се заканувал дека ќе ја исфрли од тренинг кампот. Девојката обично почнува да плаче, а жената и вели дека единствениот начин да го реши проблемот е да разговара со Барт. Потоа таа се упатува таму и се соочува со сексуална злоупотреба“, тврди една од жрвите за весникот „Гардијан“.

Една од најдобрите млади фудбалерки ја загубила својата невиност поради Жан-Барт кога имала само 17 години, затоа што не сакал да си ја уништи кариерата која допрва почнувала.

Фудбалерките кои живеат во тренинг кампот се обично тинејџерки спасени „од улица“, а приказната која требало да биде убава станала хорор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Елитен судија од ФИФА уапсен на оргии со српски старлети

Познатиот судија на УЕФА од Словенија, Славко Винчиќ беше уапсен во полициска акција во Бо…