Дома Фудбал Останато Скандал во Германија: „Билд“ откри интересни детали од репрезентацијата на Мундијалот!

Скандал во Германија: „Билд“ откри интересни детали од репрезентацијата на Мундијалот!

Репрезентацијата на Германија не успеа да ја одбрани титулата шампион на светот на Мундијалот во Русија кој се играше ова лето.

Работата да биде полоша, Германија доживеа целосен дебакл на Светското првенство, бидејќи од натпреварувањето се збогуваше уште во групната фаза. Атмосферата во екипата не е баш на најдобро ниво, а неодамна Месут Озил одлучи да се прости од играње за репрезентациајта, бидејќи рече дека не заслужил расистички навреди.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Неуспехот на репрезентациајта се уште е една од главните теми во Германија пред натпреварите во Лигата на нации. Реномираниот „Билд“ денеска објави дека Јоаким Лев едноставно не можел да ги контролира играчите кои правеле се што сакале, а се појави приказна дека во хотелот имало голема недисциплина меѓу играчите.

„Билд“ го советуваше германскиот селектор да не зборува на празно, туку на следното натпреварување да провери што прават играчите. Антонио Рудигер е обвинет дека на Мундијалот имал наргиле и дека речиси секоја вечер во неговата соба имало забава.

Иако Лев им дозволува на играчите понекогаш да запалат цигара, сигурно не знаел дека играчите активно пушеле наргиле и во текот на Мундијалот. Од другата страна, имало и гурпа која речиси на секој тренинг играла „PlayStation“, а лидер на групата бил Џулијан Дракслер, кој е зависник од видео игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…