Во фудбалот се е можно, сме гледале натпревари во кои некоја екипа води 3:0, па губи со 3:4, но начинот на кој тоа се случи во Летонија е скандалозен.
Тимот на Динамо Рига против Тукмус на полувремето водел со 3:0 и упатил дури 10 удари кон противничкиот гол, а во второто полувреме едноставно застанал. Играчите на овој тим во вториот дел не шутнале ниту еднаш кон противничкиот гол, а гостите постигнаа четири гола и победиле со 4:3.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види скандалозното однесување на играчите во одбраната. Од страна на Фудбалскиот сојуз на Летонија објавија дека е отворена истрага.
1. puslaiks: rezultāts 3:0, sitieni 10(5)-5(4)
— Bałtycki futbol latviski (@BFlatviski) October 7, 2023
2. puslaiks: rezultāts 0:4, sitieni 0-15(9)#pargodīguspēli pic.twitter.com/RaBonJqF2f