Дома Фудбал Скандалозна изјава: Најпрво на пиедесталот го стави Меси, а потоа се покаја, па кажа дека се работи за шега (ФОТО)

Скандалозна изјава: Најпрво на пиедесталот го стави Меси, а потоа се покаја, па кажа дека се работи за шега (ФОТО)

Ривалството помеѓу Роналдо и Лео Меси веројатно е најголемото во историјата на фудбалот и често се пишува и зборува за тоа кој од нив е подобар.

Мислењата се различни. Некои го фаворизираат Роналдо, други Меси, но изборот е исклучително тежок.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Младиот играч за врска на тимот на Мадрид, Федерико Валверде кој моментално е на позајмица во Депортиво смета дека Меси е подобар фудбалер.

Сепак, брзо потоа се покаја поради изјавата и тврди дека сето тоа е шега.

„Тоа беше недозрабирање. Се шегував бидејќи сите знаат дека сум од Мадрид и дека секогаш би се обложувал на Кристијано, бидејќи тој е најдобар фудбалер на светот. Тоа го покажува од ден во ден, од натпревар во натпревар. Сакав тоа да го разјаснам и сигурно не би потпишал за Реал, ако чувствував било какви емоции кон Меси и Барселона. Роналдо и Меси се најдобрите на светот, но мојот избор е Роналдо“, истакна Валверде.

Младиот фудбалер оваа сезона одигра 20 натпревари за Депортиво, а налето ќе се врати во редовите на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат составот на Реал Мадрид за дербито против Арсенал (Фото)

Реал Мадрид вечерва ќе го одигра првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Лигата на шам…