Дома Фудбал Лига на шампиони Ситуација како против Јанг Бојс на Јунајтед не му се случила од сезоната 2003/2004

Ситуација како против Јанг Бојс на Јунајтед не му се случила од сезоната 2003/2004

Maнчестер Јунајтед вчера претрпе шокантен пораз од Јанг Бојс на стартот од Лигата на шампионите.

Ова беше прв натпревар за Роналдо по враќањето во Лигата на шампионите, Португалецот постигна и гол, но не можеше да го спаси својот тим од пораз.

„Црвените ѓаволи“ поведоа со 0:1 откако Бруно Фернандеш му асистираше на Роналдо, а клучен момент на натпреварот веројатно беше исклучувањето на Арон Ван Бисака во 35. минута.

Двата гола швајцарскиот тим ги постигна во второто полувреме.

Во целиот натпревар Јунајтед успеа да упати само два удари во рамката од противничкиот гол. Првиот беше голот на Роналдо во 13. минута и 25. минута уште еден негов шут.

Вакво нешто на Јунајтед не му се случило уште од сезоната 2003/2004 и од тогаш „црвените ѓаволи“ имаат опдиграно 138 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалер на Брајтон: Јас сум најдобриот играч за врска во Премиер лигата

Фудбалерот на Брајтон кој има 25 години, Ив Бисум, се смета себе за најдобар играч за врск…