Дома Трансфер зона Сити нова опција за Влаховиќ: Пеп го сака уште во јануари!

Сити нова опција за Влаховиќ: Пеп го сака уште во јануари!

Meдиумите на Островот пишуваат дека Пеп Гвардиола е воодушевен од квалитетите и потенцијалот на напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ.

Сити е во потрага по централен напаѓач со месеци. На лето се обидоа да го доведат Хари Кејн но Тотенхем одби да го продаде. Сега на врвот на листата желби им е српскиот голгетер од Фиорентина, Душан Влаховиќ.

Гвардиола е во потрага по голгетер, а Влаховиќ постигна 21 гол минатата сезона, а оваа на 16 настапи веќе стигна до 14 голови. Договорот му истекува во јануари 2023 година. Фиорентина му нудеше продолжување меѓутоа Влаховиќ одби.

Ако Влаховиќ заминува во јануари Фиорентина очекува да заработи помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Завршен е трансфер на Ериксен во Премиер лигата!

Кристијан Ериксен повторно ќе играм фудбал и тоа во Премиер лигата. Најголемите островски …