Дома Фудбал Англија Сите го критикуваат Роналдо: Мисли дека е поголем од клубот, покажа непочитување кон сите!

Сите го критикуваат Роналдо: Мисли дека е поголем од клубот, покажа непочитување кон сите!

Maнчестер Јунајтед вчера го победи Тотенхем со 2:0, но најмногу после натпреварот се пишува за потегот на Роналдо кој предвреме го напушти натпреварот и замина во соблекувалната.

Роналдо од клупата за резерви си замина во 89. минута, откако му стана јасно дека нема да добие минутажа. Поради овој потег Роналдо денес е критикуван од повеќе големи имиња во светот на фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да бев јас тренер на Манчестер Јунајтед ќе го задавев. Неприфатливо е така да се однесува. Го почитувам за се што направи низ кариерата, но мораш да останеш до крај и да ги испочитуваш соиграчите кои одиграле добар натпревар и победиле“, коментираше Тим Шеруд.

Слично мислење има и Дени Милс.

„Апсолутно непочитување кон тимот тренерот и фановите. Водеа со 2:0, на што се жали? Ако тимот губеше ќе беше во право, вака апсолутно не е. Си мисли дека е поголем од клубот, тоа беше себично однесување. Не знам зошто тоа го направи кога многу добро знае дека со сите ќе се види во соблекувалната. Жал ми е за Тен Хаг и Јунајтед затоа што сега сите зборуваат за тоа што го направи, а не за одличната тимска игра“, изјави Милс.

Критикуваше и Дион Даблин…

„Шокантно однесување. Роналдо покажа дека не го почитува тренер. Бесен е. Јас го сакам Роналдо и неговата игра, но вакви скандали не смее да прави“.

Очигледно потегот на Роналдо го осудува најголем дел од јавноста, а Португалецот се уште не се огласил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…