Дома Трансфер зона Симеоне ја сака ѕвездата на Ливерпул, но НЕ Кутињо

Симеоне ја сака ѕвездата на Ливерпул, но НЕ Кутињо

Мохамед Салах ова лето пристигна во Ливерпул и за брзо време прерасна во клучна фигура во тимот од „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, доколку им се верува на шпанските медиуми 25-годишниот напаѓач после само четири месеци би можел да го напушти Ливерпул. Имено, „Ел гол дигитал“ објави дека сериозен интерес за Египќанецот покажува Атлетико Мадрид.

Салах во летниот преоден рок од Рома се пресели на „Енфилд“, а Ливерпул за неговите услуги издвои 40 милиони евра. Сезонава Салах има постигнато 12 гола на 16 одиграни натпревари во црвениот дрес.

Според истиот извор, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, бил воодушевен од квалитетите на Салах поради што бил подготвен во јануарскиот преоден рок да издвои 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…