Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Јан Облак, Диего Коста и Кевин Гамеиро би требало да бидат подготвени за реванш мечот во рамки на Лига Европа против Локомотив Москва.
Тие тројца закрепнаа од повредите и тренираа денес со остатокот на тимот. Гамеиро имаше проблеми со мускулите на нозете, а за Коста се сомнева дека претрпел потрес на мозокот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Облак изненадувачки се врати брзо на теренот, по проблем со мускулот, во неделата кога Атлетико на свој терен славеше над Селта со 3:0.
Инаку за потсетување, екипата на Диего Симеоне славеше во првиот меч против Локомотив во осминафналето на Лига Европа со резултат 3:0.