Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.
Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сакаше да го задржи и во наредните три години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.
Иако се шпекулираше дека во последните две сезони дошло до презаситување и дека Симеоне е спремен да ја промени средината после 12 сезони, сепак веднаш го прифати новиот договор.
Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45% и ќе остане во Атлетико до 2027 година.
🚨 Diego Simeone extends his contract with Atlético Madrid until 2027.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 30, 2023
(Source: @teledeporte) pic.twitter.com/vCe1YJH7xs