Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале договор за трансферот на Икарди и се чека само официјална потврда.
Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не беше спремен да ја плати таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започна преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Интер ја прифати таа понуда, па се договараа последните детали околу исплатата на бонусите.
Медиумите на Апенините тврдат дека договорот е постигнат, а Икарди веќе има договор со „светците“ за 10 милиони евра по сезона, па се чека само официјална потврда.
Аргентиенот одлично се вклопи во тимот на ПСЖ и оваа сезона на 28 меча постигна 20 гола, со што ја покажа својата класа.