Дома Македонски спорт Мак ракомет Се чека само официјализација: Михајловски се враќа во Вардар – подготвен е и планот за стабилизација!

Се чека само официјализација: Михајловски се враќа во Вардар – подготвен е и планот за стабилизација!

Според последните информации, Михајло Михајловски и Сергеј Самсоненко се договориле – Михајловски се враќа и сега се чека само официјализација на договорот.

Предуслов се долговите кои се огромни, не само кон играчите кои остана туку и кон оние кои заминаа и нив би требало да ги подмири досегашниот финансиер Сергеј Самсоненко.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Потоа ќе следи и обезбедување на костурот на тимот со Дибиров, Чупиќ, Стоилов, Ристовски, Калараш…

Според информациите Вардар нема да го има истиот буџет како минатите сезони, но ќе има доволно финансии за да биде конкурентен во најелитното клупско натпреварување.

Освен задржувањето на играчите се очекува и да пристигнат некои засилувања со млади ракометари и ракометари од странство.

Во текот на оваа сезона црвено-црните променија тројца тренери, започна Писонеро, потоа дојде Кокшаров за од почетокот на годината на клупата да седне Стевче Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …