Дома Луд Спорт Се роди Гризман Мбапе, а роднини му се Роналдо, Лионел Меси, Џејмс Модриќ…

Се роди Гризман Мбапе, а роднини му се Роналдо, Лионел Меси, Џејмс Модриќ…

Теодора Пакаја и Хектор Чамби се родители на дете чие име го дадоа Гризман Мбапе и кое е родено на самиот почеток на 2022 година.

Овој пар по потекло од Боливија стравствено сака фудбал, а детето го доби името одличните француски напаѓач – Мбапе го избрал таткото, додека Гризман била желба на мајката.

„Мојот син можеше да го добие името Алексис или Чарлес, но нивните имиња се веќе во семејството. Името на нашиот внук е Алексис Чарлес“, објаснуваат родителите во интервјуто.

Парот живее во Чиле, а во нивното пошироко семејство има деца кои ги носат имињата: Андрес Иниеста, Нејмар Роналдо, Жуниор, Лионел Меси и Џејмс Модриќ кое е име од Џејмс Родригез и Лука Модриќ.

Сепак до доаѓањето на свет на Гризман Мбапе не се знаеше за ова необично семејство во Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Куче заспа на терен, судијата чекаше да се разбуди за да продолжи мечот🎥

Почетокот на второто полувреме на парагвајскиот прволигашки натпревар помеѓу Сол де Америк…