Дома Фудбал Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските прегледи пред неговиот трансфер во Јувентус, потврдија „бјанконерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ ќе плати 20 милиони евра со бонуси на „рособлу“, а самиот играч ќе потпише петгодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона, откако отфрли две понуди од Англија и Турција.

28-годишниот Лукуми помина четири сезони во Болоња, од каде што платија 8 милиони евра на Генк за него. Во тоа време колумбискиот репрезентативец одигра 152 натпревари со два гола и четири асистенции за неговиот дотогашен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет зборува за ремек-делото на Милан

Милан во последниот пријателски натпревар пред новата сезона приреди вистински спектакл, с…