Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар добро реагира по операцијата на коленото, но докторите не знаат кога бразилскиот напаѓач ќе се врати на терените.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нејмар кон средината на октомври ги скина предните вкрстени лигаменти и менискусот на левата колено, додека играше за Бразил против Уругвај во квалификациите за Светското првенство.
Опоравувањето од таквата повреда може да трае најмалку од осум до десет месеци. Докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар изјави дека 31-годишниот фудбалер е во целост посветен на враќање на формата.
„Од првиот момент се придружува кон све што му предложивме“, изјави Ласман, пренесе „Би-Би-Си“.
Нејмар летово од ПСЖ премина во Ал Хилал, но одигра само пет натпревари поради повреда на мускулот.