Денес во Келн се одржа ждрепката за полуфиналето во Лигата на шампионите.
Вардар одново успеа да биде помеѓу најдобрите четири екипи во Европа. Црвено-црните и оваа година ќе играат на фајнл-фор турнирот во Келн.
Покрај Вардар во полуфиналето се најдоа уште Киелце, Барселона и Веспрем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот шампион за противник на патот до финалето го доби најголемиот фаворит за титулата, шпанска Барселона.
Убаво е да се потсети дека Вардар играше против Барселона во полуфиналето во 2017 година кога стана шампион на Европа, па ние се надеваме дека историјата се повторува.
Оваа сезона Вардар играше два пати против Барселона и беше поразен и во Шпанија и во Скопје.
Полуфиналните натпревари се играат на 1-ви јуни, додека финалето е еден ден подоцна.