Дома Македонски спорт Мак фудбал Сејдини: Здравјето секогаш е пред фудбалот и спортот воопшто

Сејдини: Здравјето секогаш е пред фудбалот и спортот воопшто

Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини денес се огласи преку официјално соопштение за сајтот на ФФМ.

Сејдини во соопштението најавува дека се работи и наскоро ќе биде објавен планот за продолжувањето или прекинувањето на сезоната во македонскиот фудбал.

Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост:

“Соочени со пандемијата COVID-19 верувам дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: здравјето е на прво место и секако, пред фудбалот и спортот воопшто.

Како резултат на ширењето на корона вирусот јасно е дека се променети сите околности во фудбалот за оваа натпреварувачка година. Фудбалската федерација на Македонија во соработка со фудбалските клубови и натпреварувачката комисија во федерацијата работи на низа практични решенија како одговор на новонастанатата ситуација. Постојано следејќи ја моменталната ситуација, комисијата во ФФМ која е задолжена за календарот на натпревари, во најскорен можен рок ќе ги претстави плановите за завршување на натпреварувачката сезона во МФЛ. Се разбира, во услови кои ќе бидат диктирани од телата на јавната власт. Прекин на првенството е последно можно решение, откако ниту една алтернатива не би овозможила да се заврши календарот за натпреварувачката сезона во МФЛ.

Актуелната здравствена криза драматично влијае и ги загрозува сите индустрии и економски сектори. Фудбалот не е исклучок и мора да пронајдеме решенија за моменталната ситуација со надеж дека целта ќе биде зачувување на работните места и еднакво почитување на интересите на клубовите и фудбалерите. 

Фудбалската федерација на Македонија, како и секогаш до сега, кон фудбалската заедница ќе покаже одговорност, единство и солидарност. Ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање во насока на било каква помош на клубовите и фудбалските работници. Како федерација сме во постојана комуникација со УЕФА и ФИФА и доколку се определи одреден солидарен фонд кои би го користеле федерациите, ФФМ целосно ќе го пренамени кон клубовите.

Некористењето на финансиската поддшка од Владата на Р.С. Македонија беше една од првите одлуки кои раководството на ФФМ ги донесе откако започна здравствената криза и драго ни е што Агенцијата за млади и спорт на вистински начин ја препозна и поздрави таа одлука. Не радува што и други спортски федерации го направија истото и даваат придонес за клучните врености во вакви ситуации. Истовремено, ФФМ ги подготви и достави до АМС сите пристигнати предмети од фудбалските клубови за користење на финансиска поддршка.

Нестрпливо го чекаме моментот кога фудбалот и спортот повторно ќе не радуваат, а дотогаш уште еднаш да потсетиме дека ова е време за солидарност и општествена одговорност. Бидете дома и следете ги препораките на здравствените власти“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Од Островот порачуваат: Дајте ни го ЕП да го организираме, ние сме спремни!

Изгледа дека шансите Европското првенство да се одигра само во Велика Биртанија. Главната …