Дома Македонски спорт Сејдини: Нашата визија е Македонија да биде редовен учесник на големите натпреварувања

Сејдини: Нашата визија е Македонија да биде редовен учесник на големите натпреварувања

Денес се одржува редовното Собрание на ФФМ, а на почетокот на Собранието се обрати и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Сејдини посочи дека неговиот тим работи напорно за остварување на најдобри услови за фудбалерите во сите категории.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Како и во секоја друга работа така и во фудбалот најважно е времето дали ќе го искористите на вистински начин. Ние работиме напорно за да ги оствариме нашите цели. Мило ми е што на секој Конгрес на ФИФА и УЕФА гледаме почит за ФФМ, тоа е нешто што ни дава дополнителен мотив. Реализиравме голем број проекти – ова е тим на успех и надеж. Стратешки вложуваме во инфраструктурата, вложувавме во терени, трибини…Ќе работиме и на подобрување на условите на тренинг-центрите.

Работата не е само да се сликаме, туку и сите вие да ги видите проектите, да градиме и да ги подобруваме сегашните услови.

Имаме визија да сме редовен учесник на големи натпреварувања. Успехот е обврска да се работи макотрпно и постојано да се надградува“, изјави Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …