Дома Топ вести Сетиен имал расправија со Меси: Ако не ти се допаѓа тука знаеш каде е вратата!

Сетиен имал расправија со Меси: Ако не ти се допаѓа тука знаеш каде е вратата!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



После дебаклот во Лигата на шампионите од Баерн (2:8) Барселона го отпушти Кике Сетиен.

Сетиен клупата на каталонскиот гигант ја превзема кога го наследи Ернесто Валверде и Барселона ја водеше на 25 натпревари.

Денес шпанските медиуми по изјавата на Сетиен дадена за викендот дека тешко е да се биде тренер на Меси откриваат дека Сетиен имал судир со Меси после натпреварот против Селта Виго минатата сезона.

Каталонците тогаш водеа голема борба со Реал и секој бод беше важен. Барселона водеше со 2:1, а тогаш Аспас постигна гол од слободен удар и така на Барселона и одзема два важни бода.

„Кадена Сер“ објави дека по тоа реми дошло до конфликт помеѓу играчите и Сетиен. Сетиен ги критикувал фудбалерите, а некои помеѓу кои бил и Меси се почувствувале навредено. Меси не останал без одговор, Аргентинецот со повисок тон му возвратил на Сетиен да бира со какви зборови се обраќа.

На тоа Сетиен тотално полудел и му порачал на Меси: Ако не ти се допаѓа тоа што јас го кажувам, знаеш каде е врата.

Меси потоа наводно останал малку збунет после што се насмеал свесен дека Сетиен го чека отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона играше пријателски натпревар против Висел Кобе – се беше во знакот на Иниеста 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Фудбалерите на Висел Кобе и Барселона денес одиграа…