Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Белгија за Наинголан: Ќе беше со нас ако можевме да играме со 12 играчи

Селекторот на Белгија за Наинголан: Ќе беше со нас ако можевме да играме со 12 играчи

martinez

Роберто Мартинез ја објасни својата одлука.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез денес објасни зошто на Светското првенство немаше место за Раџа Наинголан кој важи за еден од најдобрите фудбалери на Белгија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Постојат тешки одлуки, но тоа е причина поради која што сум тука и тоа е она што се бара од мене. Наинголан? Причината беше тактиката. Не можев да му ја дадам улогата која ја имаше во клубот. Доколку можев да играм со 12 играчи, тој ќе беше со нас“, изјави Мартинез за белгиските медиуми.

Поради таа одлука Наинголан се повелече од репрезентацијата на Белгија.

„Ќе ми беше полесно ако ги изберев најпопуларните играчи. Дојдов во Белгија да успеам, а не да го гледам името на играчот и неговото минато“, заврши Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…