Дома Останати Авто Мото Сезоната во Формула 1 започна со изненадување

Сезоната во Формула 1 започна со изненадување

Возачот на екипата на РБ Даниел Рикардо беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин со која започнува новата сезона во Формула 1.

Рикардо првиот тренинг во новата сезона го заврши со време од 1:32.896 и зад себе го остави двоецот од Мекларен. Ландо Норис заостана 0.032 секунди, додека неговиот клупски колега Оскар Пијастри заостануваше за 0.224 секунди.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Четвртото време го имаше вториот возач на РБ, Јуки Цунода, петти беше Фернандо Алонсо од Астон Мартин, додека актуелниот шампион и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен имаше шесто најдобро време.

До десеттата позиција беа уште: Џорџ Расел од Мерцедес, Шарл Леклер од Ферари, па Луис Хамитлон и Валтери Ботас.

Вториот тренинг е закажан за денес од 16:00 часот. Третиот тренинг се вози во петок, додека почетокот на трката е во сабота од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…