Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Санта Клара има добри индивидуалци, ќе играме фајтерски и претпазливо

Седлоски: Санта Клара има добри индивидуалци, ќе играме фајтерски и претпазливо

Шкупи утре ќе игра натпревар против Санта Клара на Арената „Тодор Проески“, а тренерот Гоце Седлоски најави претпазлива игра.

„Сакаме да одиграме еден добар натпревар со кој ќе ги израдуваме нашите навивачи со нов успех. Го анализиравме противникот, играат брзо и агресивно, но и ние имаме свои адути. Ќе играме фајтерски, меѓутоа ќе бидеме и претпазливи. Во Санта Клара има одлични индивидуалци, мислам дека резултатот ќе зависи од нашата игра“.

„Знаеме дека треба да бидеме подобри од претходните натпревари на европска сцена и знаеме да одиграме офанзивно, така ќе играме и утре“, изјави Седлоски.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со повеќе од 1800 дронови се направи неверојатен спектакл на отварањето на ЛОИ 🎥

Денес официјално беа отворени Олимписките игри во Токио. Свечената церемонија беше без гле…