Дома Фудбал Италија Сега и официјално: „Сан Сиро“ се руши, Милан и Интер градат нов стадион

Сега и официјално: „Сан Сиро“ се руши, Милан и Интер градат нов стадион

Милан и Интер денес и официјално потврдиа дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа, пренесуваат италијанските медуми.

Проектот доби „зеленос светло“ од советот на општината во Милано, па наскоро се очекува да стартува изградбата на стадионот кој ќе чини 700 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2023 година.

Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 700.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од околу 70.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, на местото каде што сега има паркинг.

Веднаш после изградбата на новиот стадион донесена е одлука „Сан Сиро“ да биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.

Новиот стадион во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Денес се појавија прашања и за името на стадиот. Многу веројатно нема да биде ниту „Сан Сиро“, ниту „Џузепе Меаца“. Веќе има неколку спонзори кои се подготвени да го откупат името на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…