Дома Фудбал Италија Сега изгледа е дефинитивно: Антонио Касано по втор пат објави крај на кариерата

Сега изгледа е дефинитивно: Антонио Касано по втор пат објави крај на кариерата

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано објави дека ја завршува играчката кариера.

Иако во претходните денови тренираше со третолигашот Виртус Ентела, Антонио Касано нема да се врати во фудбалот и по втор пат објави крај на кариера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Дојде и денот кога донесов одлука да ја завршам кариерата. После последниот тренинг сфатив дека не сум доволно одбар. Сега имам други приоритети“, изјави Касано.

Касано последниот официјален натпревар го одигра во мај 2016 година за Сампдорија. Тој потоа пред почетокот на минатата сезона потпиша за Верона, но после само две недели објави дека го напушта клубот бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството.

За репрезентацијата на Италија, Касано одигра 39 натпревари и постигна 10 погодоци.

Во текот на својата голема кариера го носеше дресот на Бари, Рома, Реал Мадрид , Сампдорија, Милан, Интер и Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…