Легендарниот, Антонио Касано беше гостин во шоуто на Кристијан Виери – „Бобо ТВ“, а една од темите на разговорот беше и натпреварот на Италија против Македонија во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Екс-напаѓачот на Рома и Милан како и многу други од спортскиот свет го критикуваше тревникот на нашиот најголем стадион.
„Мора да се признае, тој натпревар беше одигран под нашите можности затоа што теренот за игра беше ужасен. Во спротивно, Италија ќе водеше со 7:0 уште на полувреме. Елмас добро момче, се извини, но јас би додал – теренот беше нива, се што кажа беше како комплимент. Работата со Спалети наскоро ќе дојде до израз“, изјави Касано.
Интересно е што ова беше трет натпревар во низа на кој Италија не може да ја победи Македонија. На претходните два, победивме 1:0 во Палермо и одигравме 1:1 во Торино.