Себастијан Џовинко би можел да се врати во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во Италија објавија дека Сампдорија постигнала договор со Џовинко. Маноло Гамбјадини заработи тешка повреда и во Сампдорија мораа да реагираат да доведат замена, а изборот изгледа паднал на поранешниот играч на Јувентус.
Јануарскиот преоден рок заврши, но Сампдорија нема проблеми да го доведе Џовинко затоа што 35-годишниот фудбалер е слободен од август кога си замина од Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
Џовинко во Италија покрај Јувентус го носеше дресот на Емполи и Парма. Во 2015 година направи трансфер во Торонто од каде што после четири години направи трансфер во Саудиска Арабија.