Дома Фудбал Италија Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

0

Кога стигна официјалната потврда дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус тој повеќе не е ист во очите на навивачите на Наполи.

Во очите на целиот Неапол, Сари сега ќе биде предавник иако претходно го сметаа за херој. Превземањето на големиот ривал нема да му биде простено.

Навивачите на Наполи не можат да се помират со тоа дека Сари заминува на омразениот север во редовите на „старата дама“, клуб кој долго време се обидуваат да го симнат од тронот во Италија.

Дека Неапол повеќе не е место каде што е посакуван покажаа и со денешниот потег.

После објавата дека Сари ќе биде нов тренер на Јувентус навивачите на Наполи од куќата број 51 на улица „Силвио Бањоли“ (во Неапол) ја остранија почата која ја поставија во 2017 година.

Плочата беше поставена на куќата во која Маурицио Сари се роди, а неа го пишуваше следното:

„Овде е роден командантот Маурицио Сари. Народот на Неапол му се заблагодарува на творецот на убавата игра. Засекогаш покрај тебе команданте“.

Од херој сега навивачите го сметаат Сари за уште еден платеник и порачуваат дека повеќе ниту во фудбалот како и во политиката не постојат идеали туку само закони на пазарот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус и Тотенхем понудија спектакл: Кејн со феноменален гол го засени дебито на Де Лихт (видео)

Јувентус и Тотенхем одиграа спектакуларен меч во Сингапур кој на крајот го добија „спарси“…