Дома Фудбал Останато Санчо го победи играчот на Реал во изборот за најдобар млад играч

Санчо го победи играчот на Реал во изборот за најдобар млад играч

Играчот на Борусија Дортмунд, Санчо ја освои наградата за најдобар млад играч во изборот на „Goal“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Санчо има одлична година зад себе и со своите одлични натпревари кои ги бележи во дресот на Борусија го заслужи повикот во сениорската репрезентација на Англија со само 18 години. Винисиус Жуниор исто така требаше да настапи за репрезентацијата на Бразил откако што беше повикан од селекторот на оваа репрезентација за пријателските натпревари против Панама и Чешка, но играчот на Реал Мадрид беше прунуден да го одбие тој повик поради повреда.

Играчот на Реал во иднина сигурно ќе добие прилика во репрезентацијата со оглед на одличните натпревари кои ги игра во дресот на клубот од Мадрид, а тој заврши зад Санчо во изборот за најдобар млад играч. Санчо неодамна стана и најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кои постигнал осум гола. Тој го наследи Џастин Клајверт и голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој ја освоија оваа награда 2018. и 2017. година, а оваа година наградата се доделуваше на играчите кои се родени по 1. јануари 2000. година. Ѕвездата на Челзи, Калум Хадсон-Одои го освои третото место во овој избор.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светското првенство 2026. го постави новиот рекорд. Најпосетено во историјата

СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата…