Дома Фудбал Англија Санчез: Трансферот во Јунајтед беше во погрешно време!

Санчез: Трансферот во Јунајтед беше во погрешно време!

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез смета дека причина за неговиот неуспех на „Олд Трафорд“ фактот што пристигнал во клубот во „погрешно време“.

„Лукаку и јас трениравме прилично добро, но ни требаше повеќе време на теренот за да го достигнеме нашиот целосен потенцијал. Погледнувајќи наназад, се чини дека моето пристигнување во Јунајтед беше во погрешно време. Имаше премногу промени во клубот. Во такви моменти тешко го наоѓате вистинскиот ритам“, истакна Алексис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Потоа зборуваше за неговата одлука да се пресели во Интер, како и за неговиот соиграч Ромелу Лукаку.

„Тука гледам желба за победи и затоа дојдов. Тоа беше причината и Лукаку да дојде тука. Дали ќе успееме? Ќе ви кажам на крајот на сезоната. Лукаку? Може да барате доста долго време и да не најдете фудбалер како него никаде во светот“, додаде Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Немал иднина на кормилото: Мурињо брзо ќе ја напушти Бенфика?

Пред претседателските избори во Бенфика, кандидатот Жоао Диого Мантеигаж изјави дека Жозе …