Дома Луд Спорт Садио Мане се ожени за девојка која му ја избрало семејството🎥

Садио Мане се ожени за девојка која му ја избрало семејството🎥

Напаѓачот на саудискиот Ал-Наср и на сенегалската репрезентација, Садио Мане, во родната земја се ожени се Аиша Тамба која има само 18 години.

Аиша Тамба има само 18 години и е 13 години помлада од фудбалерот, а според информациите на медиумите од Сенегал, тие веќе две години се заедно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аиша е ќерка на архитект од Сенегал и пред две години го запознала Мане. Според законите во Сенегал, Мане не прекршил ниту еден закон бидејќи долната граница за стапување во брак е 16 години.

Садио останал верен на традицијата и оставил сопругата да му биде изберена од неговото семејство, а деталите за ова ги откри таткото на новата сопружничка.

„Мојата ќерка има 18 години и првпат се виде со Мане пред две години. Мојата сопруга и Аиша го посетија семејството на Садио и тоа беше нивна прва средба. Садио очигледно виде нешто специјално во неа, а и неговите родители го одобрија бракот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Легендарниот фудбалер Зико ограбен на Олимписките игри, останал без 500.000 евра

Бразилската фудбалска легенда Зико бил жртва на кражба во Париз, каде што учествува во дел…