Дома Фудбал Останато Aгентот на Мане жестоко го нападна Баерн: Ги загрижуваше бојата на кожата

Aгентот на Мане жестоко го нападна Баерн: Ги загрижуваше бојата на кожата

Садио Мане на непосакуван начин ја заврши својата епизода во Баерн Минхен, а самиот по заминувањето изјави дека жали за превремениот прекин на соработката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мане зад себе има сезона за заборав во Минхен, па сега ќе игра со Роналдо во Ал Наср.

Во јавноста сега се огласи агентот на Мане, Бакари Сисе кој жестоко го критикуваше Баерн.

„Продавањето на Мане не беше фудбалска одлука од Баерн. Тоа што ги вознемируваше Германците беше платата која ја добиваше Садио, не сакаа да се помират дека фудбалер од Африка им е најскапо платен играч и затоа сакаа да се ослободат од него. Бојата на кожата на Мане не го загрижуваше само Сане, ги загрижуваше и водечите луѓе на Баерн“, изјави агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…