Дома Фудбал Реал Мадрид ангажира уште еден дефанзивец

Реал Мадрид ангажира уште еден дефанзивец

Реал Мадрид финализира ново засилување на летниот трансфер пазар. Тоа е ганскиот централниот дефанзивец Оскар Наасеј, кој е на 21 година. За почеток тој ќе игра во дупликат тимот во третата дивизија, но постои можност да биде употребен и во првиот тим.

Дефанзивецот доаѓа од Гранада, на кого Реал ќе му плати околу 2 милиони евра. Договорот е за две години, но може да биде продолжен до пет години, ако Наасеј биде промовиран во првиот тим.

Наасеј може да игра како централeн, така и како десен бек. Тој пристигна во младинскиот тим на Гранада во 2023 година од ганскиот Емануел Сити. Брзо се наметна и беше префрлен во дупликат тимот на Гранада, а минатата сезона дебитираше и за првиот тим. Во тековната сезона учествуваше во првите два натпревари на Гранада во Ла Лига 2.

Во мај дебитираше за националниот тим на Гана, но потоа не се најде во составот за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерашниот состав зборува сè, договорен е еден од најголемите трансфери ова лето!

Челси вечерва на Стемфорд Бриџ игра против Лутон во второто коло од Лига купот, но меѓу иг…