Дома Трансфер зона Савиќ може да се врати во Серија А и тоа на голема врата

Савиќ може да се врати во Серија А и тоа на голема врата

Како што пренесуваат дел од италијанските медиуми денеска, Јувентус ова лето би можел да го врати српскиот интернациналец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во италијанскиот фудбал.

Савиќ по одличните години во дресот на Лацио изминатото лето во скап трансфер се пресели во Саудиска Арабија, но многу брзо би можел да се врати во Серија А.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Информациите на медиумите се дека Јувентус го сака како замена за Пол Погба на кого му вчера му беше потврдена суспензијата од четири години поради допинг.

И во минатото Савиќ се поврзуваше со Јувентус, изгледаше во еден момент дека има договор, но на крајот тој трансфер не се реализираше.

Српскиот репрезентативец продолжи со одличните игри и по трансферот во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …