Дома Фудбал Останато Роналдо ќе биде капитен во натпреварот против ПСЖ

Роналдо ќе биде капитен во натпреварот против ПСЖ

Вчера и дефинитивно беше потврдено дека Роналдо ќе биде дел од „Ол Стар“ тимот на Ал Наср и Ал Хилал во пријателскиот натпревар против Пари Сен Жермен.

Тоа значеше и дека ќе гледаме нова битка помеѓу Роналдо и Меси, овој пат поинаква и нивните досегашни во Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот ПСЖ ќе го одигра на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија.

Во овој натпревар Роналдо ќе биде и капитен на својот тим. Роналдо се уште не настапил за Ал Наср и тоа ќе се случи на 22. јануари против Ал Итифак на Дарко Велковски.

Интересот на битката на Роналдо и Меси е огромен, меѓутоа неверојатно звучи податокот дека еден специјален билет достигнал цена и од 2.6 милиони долари (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФК Брегалница доби нов претседател!

Фудбалскиот клуб Брегалница во моменти додека води битка во Втората лига за враќање на мес…