Дома Фудбал Останато Роналдо проговори за Меси и го кажа она што сите го мислат, но ретко кој го кажува

Роналдо проговори за Меси и го кажа она што сите го мислат, но ретко кој го кажува

Роналдо Назарио, или „Вистинскиот Роналдо“, како што многумина го нарекуваат даде свој коментар за ситуацијата во Барселона.

Бразилецот смета дека не треба за секој пораз на Барселона да се обвинува тренерот, а за секоја победа да се фали Меси.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Роналдо без влакна на јазикот кажа што мисли за целата ситуација после болната елиминацја на Барселона од Ливерпул.

„Барселона има одличен тим, го имаат и најдобриот фудбалер на светот, Меси. Следниот ден слушнав дека кога загубиле, тоа се случило поради Валверде, Кутињо… но, не и поради Меси“, истакна легендарниот Бразилец.

„Кога победува Барселона, тоа е поради Меси, тоа е огромно непочитување на сите фудбалери и стручниот штаб на таа екипа“, истакна Роналдо.

Ваквото мислење веројатно го делат многумина, сепак „Феноменот“ е прв кој го кажува јавно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вистинско мало чудо во Турција: Клубот кој беше уништен од земјотресот по 60 порази првпат освои бод!

До неодамна, најслабиот клуб во Европа беше во Турција, а тоа е тимот Јени Малатијаспор ко…