Дома Фудбал Роналдо погодува почесто од Меси сезонава!

Роналдо погодува почесто од Меси сезонава!

Барселона на Лионел Меси чекори самоуверено кон титулата во Шпанија со 17 бода пред Реал Мадрид, но Кристиано Роналдо има зошто да е среќен во својот вечен ривалитет со Аргентинецот.

Статистиките на сезоната покажуваат дека освојувачот на „Златната топка“ почесто постигнува голови од Меси. Кристиано има 26 гола од 29 натпревари на сите натпреварувања, односно во просек постигнува гол на секои 97 минути. Во исто време, лидерот на Барса има 27 гола во 37 меча, што во просек изнесува 115,6 мин.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синоќа, Португалецот беше прецизен во победата на Реал Мадрид со 5:3 над Бетис, а Меси не постигна претходно при победата од 2:0 над Еибар.

Сепак, Лео ја има несреќата што води во рангирањето од почетокот на сезоната во Примера по погодени греди и пречки – 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо дерби во Премиер лигата: Три пенали за 15 минути и тензии по промашениот пенал

ВЕСТ ХЕМ и Брајтон го завршија натпреварот во 2025 година со реми, 2:2, во спектакуларна с…