Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Ништо не е готово

Роналдо: Ништо не е готово

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите славеше победа против Пари Сен Жермен (3:1), а во оваа победа се исткана првата ѕвезда на „кралевите“ Кристиано Роналдо.

Роналдо во победата на својот тим постигна два погодоци, а еден беше дело на Марсело.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Против Пари Сен Жермен постигнав два погодоци и со тоа и помогнав на екипата да победи, но знаеме дека се уште ништо не е готово“, изјави Роналдо.

Португалецот го постигна 101 гол во Лигата на шампионите за Реал Мадрид и така стана првиот фудбалер со 100 погодоци во елитното натпревување во дресот на еден клуб.

Реваншот е закажан за 6 март на „Паркот на принцовите“ во Париз.

„Мораме да одиме на победа и во реваншот. Ќе се обидеме да постигнеме гол за да зголемиме притисокот и така да се пласираме во ¼ финалето“, заврши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи остана без важен играч до крајот на сезоната.

Наполи може да остане без главен играч до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се …