Дома Останати Роналдо и Тајсон во живо го гледаа првиот пораз на јутјуберот Пол 🎥

Роналдо и Тајсон во живо го гледаа првиот пораз на јутјуберот Пол 🎥

Познатиот јутјбер Џејк Пол за првпат беше поразен во еден бокс натпревар во кариерата.

Во меч кој се договораше подолго време и кој двапати се одложуваше, Томи Фјури, полубратот на Тајсон Фјури го победи Пол со одлука на судиите по осум рунди.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Двајцата борци се познати по нивните активности надвор од рингот, борбата се одржа во Саудиска Арабија. Покрај она што го гледавме во рингот, интересно беше и на трибините каде што можеше да се видат познати лица како Кристијано Роналдо, Тајсон Фјури, Деонтај Вајлдер, Мајк Тајсон...

Џејк Пол во овој момент е на учинок од шест победи и еден пораз, додека Фјури стигна до својата деветта победа во исто толку влегувања во рингот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…