Аргентинскиот чувар на мрежата Серхио Ромеро побарал да замине од Манчестер Јунајтед, објави The Independent.
Ромеро е член на „Црвените ѓаволи“ од летото 2015 година, кога премина од Сампдорија, но не се изнаигра многу за тимот од Олд Трафорд.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сепак, и покрај тоа успеа да остане прв голман на аргентинската репрезентација, но се плаши дека тоа место ќе го загуби до Светското првенство.
Тоа е и главната причина поради која тој сака да замине веќе во јануари, пренесува истиот извор. Според наводите на оние кои се блиски до Ромеро, тој има понуди од Шпанија и Аргентина, но и од клубови од Англија.
Пред Јунајтед и Сампдорија овој 30. годишен голман бранеше за Монако, АЗ Алкмар и Расинг Клуб.