Хрватскиот тренер Иван Јуриќ ја напушти Рома, а управата мака мачи да го најде неговиот наследник. Според италијанските медиуми, тренингот и собирот на играчите се одложени за четврток. Јуриќ доби отказ по поразот од Болоња со 3:2 во последното коло. Неговиот отказ му беше врачен еден час по натпреварот.
Рома е во потрага по четврти тренер оваа календарска година. На клупата на италијанскиот великан се наредија Жозе Мурињо, Даниеле де Роси и Иван Јуриќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Планот беше играчите што побрзо да се вратат на тренинзи, но вратите од тренинг кампот на Рома остануваат заклучени.
Потенцијални кандидати за клупата на Рома се турскиот тренер Винченцо Монтела и Роберто Манчини кој моментално нема договор.