Дома Фудбал Романо: Денеска е клучен ден за иднината на Олмо

Романо: Денеска е клучен ден за иднината на Олмо

ДАНИ ОЛМО (26), одличниот офанзивец на Лајпциг и шпанската репрезентација договорил се со Барселона околу неговото враќање во матичниот клуб. Сепак, неговиот сегашен и поранешен клуб допрва треба да се договорат. Еве што пишува и открива Фабрицио Романо: „Денес е клучен ден за иднината на Дани Олмо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона денеска дава нова, подобрена понуда
Откако играчот и неговиот агент Енди Бара слетаа во Лајпциг во понеделникот, по нив следеше спортскиот директор на Барселона Деко. Олмо и Барселона ги договориле деталите од договорот до 2030 година, но сега клубовите мора да се договорат.

Денеска ќе се одржи важен состанок. Барселона ќе даде нова, подобрена понуда за да го убеди Лајпциг да го продаде Олмo. “

Претходно беше објавено дека Барселона му понудила на Олмо 40 милиони, кои би се плаќале на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година. Десет милиони бонуси би стигнале до Лајпциг доколку Барселона освои две Ла Лига до 2029 година, а уште десет ако во истиот период двапати ја освои Лигата на шампионите.

Се пишуваше и дека Лајпциг одговорил на понудата само поради добрите односи што ги има со агентите на Олмо, бидејќи тие ја сфатиле понудата како навредлива. Потоа беше испратена нова понуда до Лајпциг. Тaa изнесуваше 55 милиони евра фиксни, 4 милиони евра преку лесно остварливи бонуси и уште 3 милиони преку бонуси кои ќе бидат нешто потешко остварливи. Ниту таа не беше прифатена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …