Дома Фудбал Германија Родригез: Дојдов со поинакво размислување, сега сакам да останам во Баерн

Родригез: Дојдов со поинакво размислување, сега сакам да останам во Баерн

rodrigez

На Хамес Родригез му се допаѓа во Германија и сака да остане во редовите на Баерн Минхен.

Родригез во овој момент за Баерн настапува како позајмен фудбалер од Реал, а Германците имаат опција да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за сума од 42 милиони евра.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Самиот Родригез за германските медиуми потврди дека би сакал да потпише долгогодишен договор со Баерн.

„Добро ми оди во Баерн, лигата е силна, стадионите секогаш се исполнети. Дојдов во Минхен со поинакво размислување. Сега се чуствувам одлично и се надевам дека ќе останам тука“, изјави Родригез.

Оваа сезона Родригез во дресот на Баерн постигна осум погодоци и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…