Maрко Верати и следната сезона ќе ја помине во дресот на Пари Сен Жермен, објави „Л’Eкип“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Верати имаше понуди од Саудиска Арабија го бараа Ал Ахли и Ал Хилал, но до договор не дојде. ПСЖ бараше 70 милиони евра за италијанскиот фудбалер.
Медиумите пишуваа дека Верати не е задоволен од доаѓањето на Луис Енрике, но сепак по состанокот со челниците на ПСЖ одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.
Договорот на Верати со ПСЖ важи до јуни 2026 година, а на „Паркот на Принцовите“ пристигна во 2012 година и одигра 416 натпревари.