Eвропската куќа на фудбалот наводно е спремна да направи револуционерен предлог за финалето во Лигата на шампионите во 2024 година.
Според информациите од УЕФА сериозно размислуваат за прв пат финалето во најелитното европско натпреварување да се игра во САД, поточо во Њујорк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не само што би било прв пат да се игра во САД, ова би било прв пат финалето да не се игра некаде во Европа.
Домаќиите за наредните две финалиња се познати, тоа се Минхен и Лондон, додека Њујорк како што споменавме може да биде домаќин на финалето во 2024.
Според информациите преговорите сега се во почетна фаза, меѓутоа можноста да се игра ова финале во Њујорк не ја отфрлија и челните луѓе на УЕФА.