Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.
26-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот неодамна стави потпис на нов договор, но е спремен да ја промени средината, особено поради фактот што сака да игра во Лигата на шампиони.
„Кралевите“ сметаат дека Гимараеш е идеална замена за Тони Крос, но тоа ќе ги чини околу 100 милиони евра. бидејќи играчот има договор со Њукасл до 2028 година.