Дома Топ вести Реал се откажа од Погба, ја сака ѕвездата на Лестер

Реал се откажа од Погба, ја сака ѕвездата на Лестер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е во потрага по дефанзивен играч за врска, а прва цел е играчот на Лестер, Вилфред Ндиди.

Анчелоти е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Каземиро и смета дека Ндиди перфектно би се вклопил во неговиот стил на игра.

Карло Анчелоти сака да донесе уште еден дефанзивен играч за врска кој ќе и помага на одбраната. Летово пристигна Камавинга, но Французинот не е таков профил на играч.

Шпанските медиуми пренесуваат дека поради тоа „кралевите“ се откажале од Погба и се насочиле кон играчот за врска на Лестер.

Ндиди се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата и ова лето беше мета на многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oдличен натпревар за Елмас и убедлива победа на Наполи 🎥

Наполи ја оправда фаворитската улога против Салернитана и славеше победа со 4:1 на домашен…